Македонија

Претседателот на Собранието ја отфрла можноста за предвремени избори

Убеден е врз основа на својата „политичка интуиција“

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска на редовниот понеделнички брифинг со новинарите изјави дека е убеден оти нема да има предвремени избори.

На прашањето на што се должи ова негово убедување, имајќи ги предвид изјавите што деновиве се пласираат во јавноста, Гаши одговори дека тоа е резултат на неговата „политичка интуиција“.

Информирајќи за денешната редовна координација со првите луѓе на пратеничките групи, тој рече дека претставникот на Левица го отворил прашањето за Изборниот законик поради изнесените ставови во однос на предвремените избори. Претседателот на Собранието истакна дека е добро да се разговара и дека на средбата нагласил оти доколку постои подготвеност, работната група во Собранието и координаторите можат да ги продолжат разговорите за Изборниот законик.

Во однос на законот за правичната застапеност, кој е заглавен во Собранието поради блокада на бадентерот и ДУИ, Гаши посочи дека има комуникација со лидерите, но негираше дека меѓу нив е и Али Ахмети, претседателот на ДУИ.

Претседателот на Собранието најави дека наскоро ќе биде свикана седница на Комисијата за надворешна политика, на која новите амбасадори ќе ги презентираат своите приоритети.

На координативната средба било побарано на седница на Влада да се разгледа прашањето за неприсуството на одредени министри на седниците за поставување опозициски и пратенички прашања. Исто така, побарано било преместување на датумот на седницата за поставување пратенички прашања, бидејќи премиерот на 24 септември ќе биде во Њујорк на Генералното собрание на ОН.

Гаши информираше дека утре треба да продолжи 12. пленарна седница, како и дека ќе бидат закажани продолженија на 73., 94. и 100-тата собраниска седница.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Перински: Матичните лекари ќе можат да издаваат боледувања до пет дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата, нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средства коишто ги исплаќаат стигнуваат до оние на коишто им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите коишто ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

Осум дена притвор за насилникот и лихварот од Черкези, кој му се закануваше на Мицкоски „свињо,ќе те колам на плоштад“ и му упатуваше пцости на семејството!

Осум дена притвор му е определен на 39 годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени кон премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи. СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Најнови вести

To top