Македонија

Перински: Матичните лекари ќе можат да издаваат боледувања до пет дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата, нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средства коишто ги исплаќаат стигнуваат до оние на коишто им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите коишто ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

Една од клучните измени што ќе се бараат од Управниот одбор е намалување на деновите за боледување што може да ги издаде матичниот лекар – од сегашните седум на пет дена. ​- Сметаме дека и пет дена во иднина ќе бидат доволни за дообезбедување дополнителна анамнеза или за продолжување на боледувањето. Се олеснува постапката за издавање боледување за оние лица што не се во можност да дојдат со физичко присуство да го обезбедат боледувањето. Во делот на контролата воспоставуваме механизми за заедничка контрола со другите чинители во рамките на системот, како Управата за јавни приходи, како Министерството за внатрешни работи, сè со цел да можеме посоодветно вработените во рамките на секторот контрола да ги извршуваат своите контроли – појасни Перински.

Тој додаде дека контроли ќе се вршат по пријава на работодавачите, но и по случаен избор. Доколку контролорот не го најде осигуреникот дома, ќе биде оставен документ со кој лицето се упатува да се јави пред лекарска комисија и да даде образложение, а за тоа ќе биде известен и работодавачот. Перински информира дека во изминатиот период се утврдени неправилности кај речиси 30 проценти од истражуваниот примерок со земени боледувања во МВР, при што се изречени глоби, а при крај е и анализата за боледувањата во Министерството за одбрана. Тој посочи дека злоупотреби сè почесто се евидентираат и во приватниот сектор. ​-темата боледување и породилни отсуства секогаш е сензитивна во јавноста и нам идејата не ни е да ги спречиме правата на боледување, туку да спречиме злоупотреба во рамките на искористување на боледувањето поради тоа што Фондот за здравствено осигурување за 2026 година во рамките на својот буџет има предвидено 6 милијарди 454 милиони денари средства, што се наменети за боледувања и породилни отсуства. Тоа е значителна сума и во таа насока мораме да го затегнеме системот на контрола – порача тој.

Перински истакна дека во однос на биолошки потпомогнатото оплодување, мерката за овозможување до шест ин витро обиди веќе дава резултати. Од над 1.880 обиди, 237 се однесуваат на четврти, петти или шести обид. ​- Во моментот анализираме градација на финансискиот пакет што го даваме за еден обид. Медицински тимови работат на утврдување поиндивидуализиран пристап во делот на издавање на ваучерот за биолошки потпомогнато оплодување во делот на првиот, вториот или третиот обид, сè со цел да го зголемиме процентот на можност во првите обиди да имаме позитивен исход од целата процедура. Ова се планови што планираме да ги ефектуираме од 2027 година, но за да бидеме сигурни дека ќе имаме и финансиска конструкција, а секако и медицински да имаме поддршка за ова, сепак ќе ни треба уште некој период да го доработиме – истакна Перински.

​Како дополнителна олеснувачка новина за пациентите, Фондот ќе предложи промена на важењето на рецептите издадени од дежурните служби. Наместо досегашното правило рецептот да се реализира истиот ден до полноќ, ќе се бара рокот да се продолжи на 24 часа.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Осум дена притвор за насилникот и лихварот од Черкези, кој му се закануваше на Мицкоски „свињо,ќе те колам на плоштад“ и му упатуваше пцости на семејството!

Осум дена притвор му е определен на 39 годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени кон премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи. СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик.

To top