Регион

Вашингтон објави тревога за град на 1 час од Скопје

Американските дипломати добиле директни насоки да избегнуваат секакви непотребни патувања во близина на локациите каде што ќе се протестира

Амбасадата на САД издаде итно безбедносно предупредување до своите граѓани и дипломатски персонал, најавувајќи масовни демонстрации кои треба да се одржат во среда, на 16 септември 2026 година, во центарот на Приштина и во неколку други поголеми градови ширум земјата.

Според официјалното соопштение објавено од страна на амбасадата, повеќе невладини и граѓански организации планираат големи собири кои се очекува да предизвикаат сериозен сообраќаен колапс, блокада на патиштата и создавање на големи толпи луѓе во централните градски подрачја.

Поради ризикот од неможност навремено да се стигне до саканите дестинации, американските дипломати и нивниот персонал добија директни насоки да избегнуваат секакви непотребни патувања во близина на локациите каде што ќе се протестира.

Како специфична безбедносна мерка, на персоналот на амбасадата му е препорачано да не ги испраќа своите деца на училиште на 16 септември, поради реалната опасност од целосен прекин и застој во сообраќајот.

Амбасадата испрати апел и до пошироката јавност и американските државјани кои престојуваат во Косово, советувајќи ги да го ограничат движењето главно во непосредната близина на нивните места на живеење.

Исто така, се препорачува да се избегнува патување до работните места или до училиштата доколку воообичаените рути поминуваат низ зоните кои се очекува да бидат блокирани.

И покрај безбедносните предупредувања и очекуваните рестрикции, од амбасадата информираат дека нивното претставништво во Приштина ќе остане отворено за работа, но ќе обезбедува само ограничени конзуларни услуги и тоа исклучиво по претходна и итна потреба.

Граѓаните кои ќе се затекнат во Косово се повикуваат внимателно да ја следат состојбата, да бидат свесни за своето опкружување и да манифестираат зголемена претпазливост во близина на масовни собири.

Најнови вести од: Регион

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

Негираат дека имало притисок врз „бегалката“

Ива Михајлова обвини новинар дека работи по наредба на бугарската Државна агенција за национална безбедност и дека по нивни инструкции добивала прашања и ѝ било кажувано што да зборува во јавност. Шефицата на бугарската дипломатија тврди дека немала такви информации

To top