Пресудите на Европскиот суд за човекови права во полза на Обединетата македонска организација „Илинден“ била една од трите теми на денешната средба во Стразбур на бугарската претседателка Илијана Јотова со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе.
„Втората тема беше, се разбира за движењето на досието ОМО „Илинден“ и многу се надеваме дека на една од наредните седници таа сага ќе заврши. Се разбира, го потцртав бугарскиот став, за да чуе тој (Берсе) од прва рака, дека ние сме ги спровеле сите нивни препораки до овој момент. Го променивме законот заедно со Агенцијата за регистрација, за да можат таму да се регистрираат. За жал, тие секојпат пропуштаат по некој документ“, изјави Јотова пред новинарите во Стразбур.
„Оваа тема исклучително многу се користи против Бугарија, се обидуваат да вклучат и текстови во резолуцијата за напредокот на Република Северна Македонија, кога станува збор за евентуални спорови со Бугарија. Ние го негираме тоа, прво, зошто нема билатерален спор, тие, едноставно, не ја почитуваат политиката на Францускиот компромис што беше постигнат“, додаде таа.
„Од друга страна, треба да ни биде јасно дека овие тековни досиеја треба да бидат завршени, зошто тоа не е добро за сликата на земјата“, заклучи Јотова.