Македонија

Како вештачката интелигенција би можела да го уништи човештвото?!

Во најцрните сценарија, вештачката интелигенција може да се користи за развој на смртоносни патогени и поразорни оружја. Но, ова не значи дека нè чека ваква иднина, туку ова се само потенцијални ризици, а не сигурни предвидувања.

Во светот, па и во Македонија, моментално се води сериозна дебата за последиците од брзиот развој на вештачката интелегенција. Кога се во прашање последиците од тоа врз иднината на човештвото едно од главните прашања е дали ВИ може да не остави без струја. Во тој контекст ќе Ве потсетиме дека изминатиов период во Македонија топ тема беше изградбата на дата-центри, без кои нема ВИ, а главното прашање беше дали земјава има доволно струја и вода за да и кај нас се градат вакви центри на приватни инвеститори, додека низ светот се протестира против нивната изградба. Како што моќта на вештачката интелигенција се зголемува, сè поголем број експерти апелираат да се забави нејзиниот развој за доброто на човештвото.

Некои експерти дадоа и застрашувачка прогноза – вештачката интелигенција би можела да го уништи целото човештво за една деценија. Одамна се зборува за ризиците од вештачката интелигенција, но откако вработен од Anthropic сподели дека дава отказ од AI индустријата поради потенцијалните опасности, темата се најде во центарот на јавниот фокус. Друг вработен во истата компанија изјави дека во наредните 10 години, шансите за истребување на човештвото поради вештачка интелигенција се поголеми од 10%. Во меѓувреме, политичари, невладини организации, па и славни луѓе почнаа да апелираат за забавување на развојот на вештачката интелигенција.

Но, како вештачката интелигенција би го уништила човештвото?

Отсекогаш се зборувало за ризиците од вештачката интелигенција, а има и бројни филмови кои прикажуваат вакви сценарија, на пример франшизата Terminator. Што значи, овој концепт не е нешто ново, но сега ни се чини многу пореалистичен. Важно е да се нагласи дека не значи дека ако постои потенцијален ризик, тој дефинитивно ќе стане реалност. Но, веруваме дека ве интересира како вештачката интелигенција би можела да му наштети на човештвото, ако не се користи правилно.

Најпрвиот потенцијален ризик е користењето на вештачката интелигенција за да се нанесе штета. Вештачката интелигенција може да се користи за таканаречен биотероризам, односно ослободување вируси, бактерии, отрови и други штетни суптанци за да се предизвика штета.

Вештачката интелигенција може да им помогне на терористите побрзо да развиваат смртоносни патогени и отрови и може да им даде и „чекор по чекор“ инструкции како да ги направат. Потоа, некој може да создаде вештачка интелигенција со цел да предизвика штета. На пример, еден месец по лансирањето на GPT-4, корисник го искористи четботот за да направи своја верзија, наречена ChaosGPT.

Му дал команди на четботот да истражува за нуклеарно оружје, да регрутира други AI системи, да пишува твитови за да создава јавно мислење. ChaosGPT не можел да го спроведе сето ова, но со забрзаниот развој на вештачката интелигенција, во иднина ова можеби би било изводливо. Вештачката интелигенција може да се користи и за создавање јавно мислење. Веројатно и самите сте забележале дека ChatGPT неретко дава погрешни информации, но има луѓе кои безусловно му веруваат на четботот. Ова може и лесно да се злоупотреби ако во иднина сите достапни информации се само преку вештачка интелигенција.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителството – обвинителката на потег

Од Обвинителството велат дека за еден дел од наводите веќе е поднесено обвинение, а за другите наводи се проверува дали постои сомнеж за сторено кривично дело. Од наодите во последниот извештај на Државниот завод за ревизија може да се заклучи дека во периодот од 2022 до септември 2024 се работело главно на уништување на компанијата.

(Фото): Нови можности за соработка, инвестиции и размена на искуства – ИНОВА ги поврзува македонскиот и израелскиот иновациски екосистем

ИНОВА ја цени поддршката и институционалната координација од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во реализацијата на посетата, како и придонесот на Општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев и М6 Едукативниот центар во успешното реализирање на програмата и срдечното гостопримство кон израелската делегација.

To top