Свет

САД одобрија продажба на 48 Ф-35 на Саудиска Арабија

Договор вреден 24,3 милијарди долари

САД одобрија можна продажба на 48 борбени авиони Ф-35 на Саудиска Арабија во договор чија проценета вредност достигнува 24,3 милијарди долари.

Според американскиот Стејт департмент, Саудиска Арабија побарала набавка на 48 авиони Ф-35 „Лајтнинг II“ со конвенционално полетување и слетување, како и 49 мотори „Прат и Витни F135-PW-100“ – од кои 48 за вградување во авионите, а еден како резервен.

Планираната продажба опфаќа и комуникациска, навигациска и опрема за електронско војување, муниција, резервни делови, опрема за одржување и обука, симулатори, софтвер, техничка документација, како и логистичка, инженерска и техничка поддршка.

Од Стејт департментот наведуваат дека продажбата е поврзана со целите на американската надворешна политика и националната безбедност. Таа треба да ја зајакне одбранбената способност на Саудиска Арабија, која САД ја опишуваат како важен сојузник надвор од НАТО и фактор на политичка и економска стабилност во регионот на Заливот.

Според образложението, набавката би ѝ овозможила на Саудиска Арабија подобро да се спротивстави на сегашните и идните закани, да ја зајакне воздушната одбрана и да ја подобри соработката со американските, регионалните и силите на НАТО.

Американската страна наведува дека предложената продажба нема да ја промени воената рамнотежа во регионот, ниту негативно да влијае врз одбранбената подготвеност на САД.

Главни изведувачи на договорот би биле „Локхид Мартин Аеронаутикс“ од Форт Ворт, Тексас, и „Прат и Витни милитари енџинс“ од Ист Хартфорд, Конектикат.

Од американската Влада додаваат дека засега не се запознаени со предлог-договор за компензација поврзан со потенцијалната продажба. За реализацијата на договорот не би било потребно ниту дополнително распоредување на американски владини претставници или лица ангажирани од изведувачите во Саудиска Арабија.

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

To top