Македонија

Таткото на Илијана со најубавата честитка за Илинден: Сами ќе се бориме за иднината на нашите деца (ВИДЕО)

Видеото е направено во чест на хероите кои го дале животот за слободна Македонија

Зоран Шеќеров е визуелен уметник но од пред 30 дена со нова најважна функција на светот: татко на Илијана.

Илијана која денеска е облечена во стилот на комитите и Сирма Војвода го добила името во чест на големиот македонски празник Илинден.

Во чест на Илијана и Илинден Зоран Шеќеров го објавува едно од најубавите видеа во чест на празникот.

 

Видеото направено во чест на хероите кои го дале животот за слободна Македонија е снимено е на повеќе локации во Крушевско каде што пред 122 години се создале темелите на борбата која доведе до независна држава Македонија.

 

Зоран Шеќеров е еден од најдобрите македонски млади фотографи кој се занимава и со видео уметност име добитник на повеќе награди во земјата и пошироко.

 

,,Честит Илинден!

 

Од светите височини на Крушево, од оваа земја каде што слободата не е само збор, туку вечна должност и жртва, ви ја испраќам оваа лична честитка – со гордост, со љубов и со надеж.

 

Илинден не е само ден од календарот. Тој е сеќавање, завет, и светлина која ни го осветлува патот и во најтемните времиња. Тука, во Крушево сè уште одекнуваат чекорите на храбрите, гласовите на непокорните, и соништата на сите што се бореле за правда и достоинство.

 

Оваа година, Илинден за нас е посебен!

Оваа година, Илинден има ново значење, нов почеток.

Затоа што на 2 јули, светот доби едно ново име – Илијана Шекеров.

Моето дете. Мојата гордост. Моето сè”, раскажува таткото Зоран.

 

Видеото на Шеќеров

https://www.instagram.com/reel/DM2suuRInf4/?igsh=cWhqaDllN2kyaDV3

Најнови вести од: Македонија

Претставен преобјавениот „Абецедар – сто години потоа“ – сведоштво за постоењето на Македонците и македонскиот јазик во Егејска Македонија, во Грција

„Денес, во новата историска реалност ние, како Македонци, имаме неспорен и вреден историски документ од пред еден век, кој претставува директно сведоштво дека Грција во 1925 година планирала настава на македонски јазик за потребите на македонските деца во грчкиот образовен систем. Уште поголема важност на ‘Абецедарот’ му дава фактот што неговите автори се Грци по националност и што учебникот бил изготвен по налог на грчкото министерство за образование. Токму овие последни два неспорни факта треба да бидат нашите клучни аргументи пред светската јавност кога зборуваме и расправаме за македонското прашање, за правата на Македонците во Егејскиот дел на Македонија и за неисполнетите обврски на Грција и нејзиното отстапување да го признае постоењето Македонци на нејзинатата територија.“ – истакна универзитетскиот професор д-р Никола Жежов при денешното претставување на преобјавениот Македонски буквар „Абецедарот – сто години потоа“ (1925-2025).

За првпат во Македонија изведена операција кај дете (4) со ретка конгенитална деформација

Оваа интервенција е резултат на врвна мултидисциплинарна координација – ортопедски тим, анестезија, интензивна нега и ургентна поддршка – со јасен фокус на сигурноста и квалитетот на самата постапка

Ахмети: Не протестираме против државата Македонија, туку за слободата на ексводачите на косовската УЧК, на кои им се суди, иако се невини

Али Ахмети имаше дадено „лично“ „согласност“ за одржувањето на денешниот протест „за правда за поранешните водачи на косовската УЧК“, на кои инаку им се суди во Хашкиот трибунал, како осомничени дека извршиле воени злосторства врз цивилно население во 90-тите години од минатиот век. Реагирајќи околу вмешувањето на Ахмети во овој протест, истакнати политички аналитичари-Албанци од Македонија и од регионот, чии ставови веќе ги пренесе редакцијата на „Експрес“, претходно укажаа дека лидерот на ДУИ, кој доживеа не само изборен дебакл, туку и политички потоп, наместо да поднесе оставка, реши политички да го злоупотреби овој протест, во обид да го сопре вртоглавото урнисување на својот политички рејтинг меѓу неговите сонародници во Македонија. Неби Мерсели реагираше жестоко, критикувајќи го Али Ахмети дека „наместо да поднесе оставка, се претставува и натаму како командант на УЧК, па уште и продолжува да говори против Хашкиот трибунал, претставувајќи се и како господар на протестот во Скопје“!

To top