Бугарската претседателка Илијана Јотова изрази загриженост што во водечките универзитети во Европа и во светот се отворале лекторати по македонски јазик на местото на лекторатите по бугарски.
„Не можам, а да не бидам загрижена од фактот дека губиме лекторат по лекторат на водечките европски и светски универзитети, каде што лекторатите по бугарски јазик се заменуваат со лекторати по македонски јазик и македонска култура, на пример“, изјави Јотова во гостувањето на БТВ.
„Ние сме должни кон нашата историја, на нашето самочувство како Бугари, на нашиот идентитет. Заканите за нашата азбука се многубројни и доаѓаат од различни насоки“, додаде таа, објаснувајќи ја со тоа иницијативата што ја почна како потпретседателка во 2022 година – Меѓународниот форум за кирилицата.
За шефицата на бугарската држава, „неприфатливо е на меѓународно ниво да се изместува важноста на Бугарија како земја што ја создала кирилицата и словенската култура“.