Метју Нимиц: Ако бев Македонец немаше да преговарам за моето име

„Неофицијално – ако бев Македонец, не би преговарал за моето име”, според меѓународниот Комитет за човековите права на Македонците изјавил медијаторот во спорот за името Метју Нимиц.

Нимиц напоменал дека неговите коментари се „неофицијални”, а МХРМИ го прашала зошто и јавно не ги искаже своите чувства, не поднесе оставка и не се откаже од преговорите за името.

Откако го увиделе огромниот притисок врз Македонија да го смени името, со цел да се смири угнетувачот Грција, МХРМИ одлучила во име на Метју Нимиц, јавно да да ги објави неговите чувства.

Според претседателот на МХРМИ, Бил Николов, кој го прашал Нимиц, какви се неговите очекувања доколку Македонија се повлече од преговорите за името, тој одговорил: „Ништо. Не верувам дека би имало било какви последици”.

Потполно идентичен одговор МХРМИ добиле и од претставниците на американскиот Стејт департмент кога Николов го поставил истото прашање. Од Стејт департментот рекле дека според нив решение за спорот за името нема и дека прекинот на преговорите би била логична одлука.

МХРМИ уште еднаш го повторува своето барање до сите политички партии и политичари од Македонија да ги осудат преговорите за името и веднаш да ги прекинат.

“Болно одекнаа неодамнешните изјави на премиерот Заев во Бугарија кои што значат дека тој е подготвен да го продаде вековното име, етничкото потекло и идентитетот на Македонија, само за да ги задоволи Европската унија, НАТО и САД. ВМРО, вие имавте шанса да го прекинете таканаречениот “спор за името” додека бевте на власт, но одлучивте да не го направите тоа. Откажете се од преговорите за името веднаш. Премиеру Заев, не можете да преговарате за нешто што не е ваше. Дејствувајте барем еднаш во интерес на Македонија и напуштете ги преговорите.

Како што кампањата „Нашето име е Македонија” вели “Кој ти го даде право да преговараш за моето име?” Барајте почит за Македонија. Сега и веднаш”, се вели во реакцијата на МХРМИ.