„Во гаранцијата влегува целокупниот недвижен имот што е на име на Дејан Јованов, а дополнително е додаден и имот од член од семејството. Гаранцијата е поднесена во петокот, се чека оваа недела да биде одлучено. Сметаме дека гаранцијата е повеќе од доволна за да го обезбеди неговото присуство, дотолку повеќе што во оваа постапка веќе се прифатени гаранции и за други сообвинети лица, а со тоа очекуваме еднаква примена на Законот и фер судење и за Јованов“ вели неговата адвокатка Ивана Коцевска за „Слободен печат“.
Од Кривичниот суд потврдуваат дека до нив стигнала предлог гаранциа од над 12 милиони денари во недвижен имот за Јованов. Предлогот сега треба да се прати на мислење во Јавното обвинителство, па потоа Судот ќе донесе одлука дали се прифаќа гаранцијата.
Јованов е првообвинет за кочанската трагедија во која загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени.