Хроника

Коњи пасат трева на Илинденска во Скопје (ВИДЕО)

Животните слободно пасат на една од најпрометните улици

На булеварот Илинденска во Скопје, коњи слободно пасат трева од средишното зеленило.

Снимката што ја објави Сител ТВ  покажува како животните се хранат директно од јавниот зелен појас во центарот на градот.

Во видеото се гледаат коњи како мирно јадат од тревникот што се наоѓа меѓу коловозите, на една од главните сообраќајници во главниот град.

Ваквите сцени предизвикуваат реакции кај граѓаните, кои се прашуваат дали надлежните институции – пред сè ЈП „Паркови и зеленило“ и општинските служби – имаат контрола над движењето на коњите во урбаната зона.

Многумина коментираат дека зеленилото на Илинденска веќе подолго време е во лоша состојба, а ваквите појави само дополнително го оштетуваат.

Други пак се прашуваат од каде доаѓаат коњите и зошто се оставени без надзор среде градски сообраќај.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top