Бизнис

Поранешниот министер Дамјан Манчевски почнува бизнис со дата-центри

Поранешниоот министер за информатично општество и администрација, Дамјан Манчевски, основа свој бизнис за оперирање со дата-центри во регионот, објави Фактор. Изминатиот период тој на социјалните мрежи и на еден поткаст објави дека ќе биде еден од раководителите на Орион Телеком, кој има сопствен дата-центар во Белград, додека во Државниот дата-центар во Крагуевац е комерцијален корисник, […]

Поранешниоот министер за информатично општество и администрација, Дамјан Манчевски, основа свој бизнис за оперирање со дата-центри во регионот, објави Фактор. Изминатиот период тој на социјалните мрежи и на еден поткаст објави дека ќе биде еден од раководителите на Орион Телеком, кој има сопствен дата-центар во Белград, додека во Државниот дата-центар во Крагуевац е комерцијален корисник, каде што закупува капацитет за сместување на својата опрема. Од минатата недела еден од поранешните потпретседатели на СДСМ е основач на „Орион АИ Фактори“ во Македонија. Манчевски е еден од тројцата сопственици заедно со Орион Телеком Холдингс од Амстердам и Хемиски Инженеринг.

  • „Орион“ е 25 години телеком-оператор во Србија и таму ги нуди сите телекомуникациски услуги, освен мобилна телефонија, но еден од целите е оперирање со дата центри како партнерска компанија на „Енвидиа’“. Фокусот е на проширување во регионот и Источна Европа. Значи се работи за пет-шест земји, а се остава простор и за Македонија, која е цел но не примарна, туку приритет се проектите на пошироко, гледано географски, вели Манчевски.

Еден од партнерите на Манчевски ќе му биде Хемиски Инженеринг, фирмата на бизнисменот Горјан Максимовски со која поседува огромен недвижен имот во комплексот на поранешен „ОХИС“. Маxимовски е и сопственик на плацот на Европски универзитет каде сака да гради огромна висококатница, повисока од таа на „Нова Македонија“, нешто што Општина Центар привремено го стопираше.

  • Горјан има инфраструктура и контакти. Јас пред да влезам во политиката имав свои бизниси и тие сум ги работел со поголеми партнери од мене, изјави Манчевски кој по напуштањето на владата на Зоран Заев стана управител на софтверската компанија Мак-Систем во која до скоро беше директор.

Иако во Македонија постои мнение дека дата-центри не треба да има и дека тие ќе ги загрозат природните ресурси, поранешниот функционер смета дека тоа се веќе застарени гледишта.

  • Фамата е погрешна. Тие дата-центри не трошат повеке многу вода за ладење како старите. Денешнава технологија работи со воздушна температура од 25 степена, а новите сервери што ќе следат ќе бидат уште подобри и ќе може да работат на 40 степени. Овие приказни се веќе застарени, тврди тој.
Orion во последниве години го проширува фокусот кон дата-центри, вештачка интелигенција и електромобилност. Од минатата година „Орион телеком вај-фај“ се интегрираше во Телеком Србија.

Најнови вести од: Бизнис

ЕВН: Набавката на електрични броила вредни 13,2 милиони евра е согласно закон

Промената на броилата е дел од процесот за целосно усогласување на дистрибутивниот систем со стандардите на Европската Унија и истиот интензивно се спроведува со години наназад, а ќе продолжи и во следниот период, велат од ЕВН.

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top