Македонија

Сонце и облаци ќе се менуваат во текот на денот

Слично време се очекува и во текот на следните денови

Променливо време, со комбинација од облачност и сончеви периоди се очекува денеска.

Во одделни области облачноста ќе се зголеми, носејќи можност за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека максималните ќе достигнат вредности меѓу 17 и 23 степени.

Во Скопје се очекува променливо време со облачност и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната ќе достигне 22 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека слично време се очекува и во текот на следните денови – променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец.

Најнови вести од: Македонија

210 „чинии љубов“ подготвени за кучињата во и околу прифатилиштето на ЈП „Лајка“

Под мотото „Збор на денот: заедница“, на 26 септември во дворот на ЈП „Лајка“ се одржа првиот настан „Чинија љубов“, кој обедини граѓани околу една заедничка цел – подготовка на готвени оброци за бездомните кучиња

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко сите му се виновни, но не и тој самиот

Поранешни функционери на СДС одамна јавно апелираат дека Венко треба да се повлече од тронот во СДС, но очигледно тој во неверување дека некогашната голема СДС е спадната на ова ниво, и од толкава жед за власт се уште верува дека има некаков легитимитет да биде дел од политичката сцена

To top