Свет

Седумнаесет убиени, 15 ранети во пукање во угостителски објект

Полицијата на Јужноафриканската денеска соопшти дека започнала опсежна потрага по напаѓачите кои во саботата вечерта вооружени со пушки и пиштоли направиле масакр 

 

 

Службите за итна помош ја потврдија смртта на 13 мажи и четири жени на самото место, пренесува Ројтерс. Уште 15 лица со прострелни рани биле пренесени во болница. Мотивот за нападот засега е непознат, соопшти полицијата на платформата „Икс“ (X).

Нападот се случи во саботата, околу 21:30 часот по локално време.

Според полицискиот извештај, напаѓачите најпрвин отвориле оган врз гостите пред објектот, по што влегле внатре и продолжиле да пукаат.

Во извештајот се додава дека осомничените наводно биле вооружени со автоматски пушки „АК-47“ и пиштоли.

Досега никој не е уапсен

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top