Свет

Трамп: Брзо ќе го победиме Иран, а горивата ќе поевтинат

Во саботата, Трамп го отфрли најновиот предлог на Иран, според кој Техеран би го отворил Ормускиот Теснец

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повтори дека Вашингтон наскоро ќе победи во конфликтот со Иран.

„Ќе победиме. На еден или друг начин. Тоа ќе се случи прилично брзо“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.

Тој додаде дека очекува значителен пад на цените на горивата по завршувањето на војната. Изјавите на Трамп доаѓаат по неколкудневна засилена дипломатска активност.

Катар и други регионални посредници се обидуваат да ги обноват разговорите меѓу Вашингтон и Техеран, но двете страни остануваат со спротивставени ставови за клучните прашања.

Иран сака да разговара за повторно отворање на теснецот Ормус и за американската поморска блокада, додека администрацијата на Трамп бара отстапки во врска со иранската нуклеарна програма.

Во саботата, Трамп го отфрли најновиот предлог на Иран, според кој Техеран би го отворил теснецот Ормус во рок од седум дена и би ги продолжил нуклеарните преговори доколку САД ја укинат поморската блокада, ги олеснат санкциите за продажба на иранска нафта и се согласат на прекин на огнот. И покрај тоа, американските претставници велат дека контактите преку посредници продолжуваат.

 

Најнови вести од: Свет

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Истрага за телефон фрлен во Дунав, сомневања за корупција и политички обвинувања – унгарскиот парламент отвори пат за продолжување на три одделни случаи, но конечниот збор за евентуалната одговорност допрва треба да го дадат надлежните институции

Парлaментот му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Парламентарниот имунитет служи за заштита на пратениците од политички прогон, овозможувајќи им слободно да ги извршуваат своите должности и да ги изразуваат своите ставови без страв од апсење или правни постапки од страна на властите

To top