Македонија

Фон дер Лајен носи посета, но не и добри вести

Новите патокази на ЕУ ги заобиколуваат Скопје, Приштина и Сараево

Европската Унија подготвува посебни патокази со јасни чекори и индикативни рокови – но не за сите. Според „Политико“, кој се повикува на двајца високи претставници на Европската комисија, документите се наменети само за четири земји што се сметаат за најнапредни кандидати: Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија.

Целта е долготрајниот пристапен процес да добие појасна структура и конкретни насоки. Патоказите треба да покажат што се очекува од секоја од овие земји и да содржат индикативни рокови за завршување на одделни фази од преговорите. За првпат би им дале појасна перспектива: ако ги исполнат клучните реформи и обврски, ќе можат да напредуваат кон членство. Истовремено, тие би создале обврски и за земјите-членки на ЕУ.

Во патоказите би биле наведени конкретни задачи и приоритети, како и прелиминарни рокови за затворање на преговарачките кластери. Комисијата веќе презема чекори за забрзување со најнапредните кандидати. Црна Гора ги има отворено сите 33 поглавја, од кои 16 се привремено затворени. Украина и Молдавија во 2026 година отворија нови преговарачки кластери.

Претседателката Урсула фон дер Лајен претходно во септември најави насочена поддршка за кандидатите што постигнале најголем напредок. Според „Политико“, во оваа фаза патокази нема да им бидат понудени на другите кандидати што се во порана фаза – меѓу кои Косово, Македонија и Босна и Херцеговина.

Така, додека фон дер Лајен најавува посета и разговори во регионот, за Македонија пораката што ја пренесува „Политико“ е јасна: патоказите и појасната перспектива за членство во овој момент се резервирани за други. Напредокот кон членство и натаму ќе се темели исклучиво на заслуги – колку секоја земја ги исполнува критериумите и ги спроведува потребните реформи.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top