Основниот Кривичен суд соопшти дека го прифатил предлогот на обвинителот од ОЈО за ГОКК тројцата уапсени во акцијата за тероризам да одат во притвор. Мерката била опредедела по сите три основи:
Основниот Кривичен суд Скопје го прифати предлогот на ОЈО за ГОКК и им определи притвор на сите тројца осомничени поради опасност од бегство, попречување на истрагата и влијание врз сведоци како и поради опасноста од повторување на делото, кратко кажаа од судот на брифинг со новинарите.
Инаку во акцијата беше уапсен припадник на ИСИС, годишникот К.И. формирал огранок на терористичката огранизација за извршување на терористички напади во Македонија. За таа цел почнал да влијае, да убедува и насочува млади луѓе да ги прифатат идеите и целите на исламската држава. Ширел пропаганда со радикална и есктремна содржина, а со други двајца , на возраст од 24 и 30 години од Скопје, незаконски тргувале со оружје и изработувале екплозиви. Полицијата вчера направила претреси кај шест, на 12 локации во селата Сингелиќ и Брест, и во скопски Чаир, а уаспени биле петмина од нив.
Сите од уапсените биле во блиски релации со странски терористички борци од земјава и регионот.
Повеќе детали на следниот линк: