Македонија

Премиерот Мицкоски на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Првиот академски ќас ќе се одри и на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Битола,  Државниот универзитет во Тетово и „Мајка Тереза“ во Скопје, на „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

 Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со кој свечено ќе биде означен почетокот на новата академска 2026/2027 година.

На настанот, кој ќе се одржи на платото пред Економскиот факултет на Универзитетот, најавени се обраќања и на ректорот на УГД-Штип проф. д-р Дејан Мираковски, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Ана Михајлов и Матеј Бошковски, студент на Факултетот за медицински науки.

Универзитетот соопшти дека на свеченото отворање на новата студиска година ќе настапат академскиот хор при Музичката академија, под диригентство на проф. Тоше Митрев, и студентите од Џез-ансамблот на Академијата, а ќе бидат отворени и информативни штандови.

На најголемиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во 10 часот, на платото кај споменикот на Кирил и Методиј ќе се одржи првиот академски час со кој официјално започнува новата академска 2026/2027 година. Настанот ќе содржи свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава. 

Првиот академски ќас ќе се одри и на универзитетите „Св. Климент Охридски“ во Битола,  Државниот универзитет во Тетово и „Мајка Тереза“ во Скопје, на „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Најнови вести од: Македонија

Почина професор д-р Никола Петров, творецот на „Росица“, „Другарче“ и „Наш свет“

Тој се смета за основоположник на македонската предучилишна педагогија, а генерации ученици во Македонија израснаа со списанијата за деца што ги покрена професорот и поранешен декан на Педагошкиот факултет

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

To top