Македонија

Мицкоски: Каде и да одите, вратете се дома

Во обраќањето до бруцошите на Универзитетот „Гоце делчевво Штип премиерот порача дека младите имаат значајна улога во иднината на државата и ги повика да работат за себе, своите семејства и за Македонија

На првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, премиерот Христијан МИцкоски, упати порака до студентите за значењето на образованието, стекнувањето знаење и личниот развој.

Премиерот Мицкоски на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Мицкоски им порача на младите да ја користат секоја можност за учење и напредување, да патуваат и да го запознаваат светот, но истовремено да не забораваат на својата земја.

„Каде и да одите, вратете се дома. Вратете се со знаење, со искуство, со идеи и со сила за заедно да ја градиме нашата татковина Македонија“, порача Мицкоски.

Тој посочи дека патот пред младите ќе биде исполнет со различни предизвици, успеси и неуспеси, но оти токму тие искуства придонесуваат за нивниот развој.

„Ќе има предизвици, подеми и падови, но токму тие ќе ве изградат“, наведе премиерот.

Во обраќањето до бруцошите, Мицкоски порача дека младите имаат значајна улога во иднината на државата и ги повика да работат за себе, своите семејства и за Македонија.

„Иднината на една држава ја создаваат токму младите луѓе кои веруваат во неа и се подготвени да се борат за нејзиниот успех“, порача Мицкоски.

На крајот, тој им посака успех на сите бруцоши на почетокот на нивното студирање.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „Мој термин“!

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста

Проф. Митко Панов: Со политички „гест“, останките на Самоил не смеат да станат историски аргумент

Политичкото и црковното средиште на Самуиловата држава било во Охрид и Преспа, а таа се формирала и развивала независно од ликвидираната бугарска држава и црква во 971 година“, вели македонскиот историчар и византолог

To top