Македонија

Реакција на Групата „12:05“: Филипче е во паника, зашто се одмотува клопчето и излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес!

Во врска со денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ се огласија во јавноста со писмена реакција, во која му порачуваат на Филипче дека е „дефинитивно заскитан во СДСМ“.

Оваа група на членови и функционери на СДС во својата реакција истакнува: Венко Филипче се повеќе личи на неговиот поранешен работодавец Никола Груевски. Сиот личен бес го истура врз оние кои мислат поинаку од него. Користи крајно примитивен речник, се служи со подмолни конструкции, лично ги навредува и со сите сили се обидува да дискредитира докажани партиски борци кои и во изминатите две години и сега искрено и чесно сакаат да помогнат за посилен СДСМ. Да го трошеше истото време за вистинска борба против Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, партијата и членството немаше да биде во ваква незавидна состојба. Меѓутоа, нам ни се јасни причините за ваквото негово поведение, тој е во паника дека се одмотува клопчето, излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес.

Натаму оваа група од СДС посоочува: Членството на СДСМ после денешната прес конференција на Венко Филипче низ уште еден пример може да се увери во неговиот авторитарен карактер. Тој е дефинитивно залутан во СДСМ и воопшто не припаѓа на партијата која некогаш беше пример за демократска, интелектуална и државничка организација. Партијата која во минатото беше симбол за пристојност, разумност и политичка чест ја сведоа на инструмент на мала секта чија единствена цел е по секоја цена да се вдомат во пратеничките клупи. Предлозите за структурни реформи на партијата Филипче ги одбива на невидено. За него сите се виновни за најслабиот резултат на СДСМ во историјата, само тој не е. За него сите се криминалци само тој е чесен. Апсурд до апсурд!

Очекуваме од Венко Филипче, пред било кој друг да обвинува за криминал и корупција, да објасни како обвинителот, кој тој лично обвини дека е предложен и избран од власта, токму него го ослободи од обвинение, како поранешен министер за здравство, за пожар во модуларна болница каде изгореа 14 луѓе? Што се однесува до неговите закани, добронамерно му порачуваме да не се срами на јавна сцена, бидејќи се повеќе личи на лоша копија на неговиот политички гуру и идол. Без разлика на неговите напори по секоја цена да не спречи, ние сепак во архивата на СДСМ ќе ги доставиме нашите предлози за структурни реформи на партија, во интерес на членството и иднината на Македонија.

ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“

Најнови вести од: Македонија

Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата е стратешки приоритет за Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ги презентираше големите инфраструктурни инвестиции што ги реализира Владата, со посебен акцент на развојот и модернизацијата на европските коридори 8 и 10.

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

Венко губи (само)контрола и затоа на сопартијците им се закани со „Ќе ве згазам како шлепер жаба“?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платоформата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции: или нека помогнат, или нека ми се тргнат од патот!“

Мицевски: Дали Филипче е уценет, па затоа покажува толкава нервоза околу Бугарија и го навредува Мицкоски со „идиот“?!

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски реагираше остро во врска со скандалозната изјава на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој упати тешки навреди во говор на омраза кон македонскиот премиер и лидер на владеjачката ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „Мој термин“!

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста

Најнови вести

To top