Регион

Еди Рама сака да го укине плаќањето со готовина

Со години, Албанците, како што вели популарната шега, претпочитаа да ги чуваат своите пари под душеци, покрај своите калашникови, отколку во банки

Албанскиот премиер има амбициозен план да ја забрани готовината до 2030 година, превртувајќи ја на глава Албанија,  земја каде што се уште владее плаќањето во готово.

„Со години, Албанците, како што вели популарната шега, претпочитаа да ги чуваат своите пари под душеци, покрај своите калашникови, отколку во банки, пишува Политико.

Доколку желбата на Рама се оствари, Албанија би можела да стане првата целосно безготовинска економија во светот.

Главниот двигател на иницијативата е борбата против сивата економија.

Елиминирањето на готовината „е апсолутен приоритет за земјите со високо ниво на неформалност и дестабилизирачки количини на нелегални пари во финансискиот систем“, изјави за Политико Селами Џепа, професор по економија на Универзитетот во Тирана.

Повеќето Албанци сè уште претпочитаат да управуваат со своите заштеди надвор од банките, криејќи банкноти и инсистирајќи на плаќање во готовина секогаш кога е можно.

Дури и туристичките водичи ги советуваат посетителите со фразата „готовината е крал“.

Иако поголемите синџири продавници и ресторани прифаќаат картички, тоа не е случај во повеќето кафулиња, салони, бутици и помали продавници.

Најнови вести од: Регион

To top