На средбата беше разговарано за актуелните состојби и напредокот на Македонија во исполнувањето на обврските, како и за значењето на продолжувањето на реформите во клучните области поврзани со пристапувањето кон ЕУ.
Заменик претседателот Николоски информираше за конкретните активности, што ги презема Владата во насока на унапредување на реформите, зајакнување на институциите и создавање услови за забрзување на европската интеграција.
На средбата беше истакната важноста на непрестајниот дијалог со институциите на Европската Унија како значаен партнер на Македонија во приближувањето кон европското семејство.
На средбата беше истакнато дека европската перспектива останува стратешки приоритет за Македонија, а продолжувањето на отворениот дијалог со европските институции е од особено значење за нејзиниот понатамошен напредок.
Средбата претставуваше можност и за размена на ставови за актуелните прашања, предизвиците и идните чекори во процесот на европската интеграција.