Македонија

За Армин ван Бурен нема „Северна“: Македонијо, беше убаво што се вратив

Еден од најдобрите светски диџеи употреби само „Македонија“ во објавите на социјалните мрежи

Холандскиот диџеј од светски ранг Армин ван Бурен ги сподели со фановите своите впечатоци од синоќешниот спектакуларен концерт во Битола, именувајќи ја државава само со Македонија (без Северна) и во пораките на социјалните мрежи, и во лоцирањето на фотографиите, а го употреби и македонското знаме.

„Македонијо, беше убаво што се вратив. Битола беше навистина во состојба на транс синоќа“, напиша Ван Бурен на Инстаграм и на Фејсбук, предизвикувајќи спротивставени реакции – одушевување кај Македонците, сарказам и „лекции“ од Грците во коментарите под објавите.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Македонската Aрмија е чинител на стабилност, безбедност и доверба

Македонската Aрмија денес е високо организирана воена формација со професионален интегритет, оперативна доверливост и висока интероперабилност со сојузничките сили, порача претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод Денот на македонската Армија во Охрид.

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии

Очекуваме систем на гаранции од европските институции и решение што ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со идентитетот, јазик, култура и историја, рече шефот на македонската дипломатија

To top