Македонија

Тезгите на Бит-пазар заминуваат во историјата (ВИДЕО)

Од Град Скопје на прашањето дали до нив е доставено некакво барање или не во врска со отстранувањето на тезгите, на одговор упатиле во Општина Чаир, наведувајќи дека Градот не е надлежен

Со багер и друга механизација се уриваат тезги на Бит-пазар и се чисти просторот каде што биле поставени.

Како што објави телевизија Телма, тезгите се во сопственост на приватна фирма, но засега нема информации од Општина Чаир за причините за нивно отстранување.

Дополнителни детали за акцијата се очекуваат накнадно да бидат соопштени.

Од снимките може да се види како багер собира остатоци од градежен материјал и ги товари во камион, а условно кажано, акцијата се одвива во простор ограден со метална ограда, налик на градилиште.

Од Град Скопје на прашањето дали до нив е доставено некакво барање или не, во врска со отстранувањето на тезгите, на одговор упатиле во Општина Чаир, наведувајќи дека Градот не е надлежен.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

To top