Македонија

Сопрено вакцинирањето во Македонија со вакцината БСЖ, се испитува случајот во Хрватска

Комисијата за имунизација во рамки на македонското Министерство за здравство (МЗ) заседавала по информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, и во земјава се одложува привремено вакцинирањето со оваа вакцина, соопшти МЗ.

Комисијата за имунизација во рамки на македонското Министерство за здравство (МЗ) заседавала по информациите од хрватските медиуми за несакани реакции од вакцина БСЖ, и во земјава се одложува привремено вакцинирањето со оваа вакцина, соопшти МЗ.

„Имајќи предвид дека станува збор за ист производител, веднаш е контактирана Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) и се побарани информации за сериите на вакцини што се користат во нашата држава. Потенцираме дека имунизацијата со оваа вакцина во нашата држава е задолжителна имајќи предвид дека земјата е со висок ризик од туберкулоза. Во моментот, на Институтот за ТБЦ има 95 пациенти со туберкулоза од кои 83 се од годинава, а во Детската болница Козле во 2025 се евидентирани 15 случаи, а во 2026 се евидентирани 12 нови случаи“, соопшти МЗ.

Според состојбата, Комисијата за имунизација донесе заклучок за времено одложување на имунизацијата со оваа вакцина до добивање комплетни информации во однос на сериите, нивниот квалитет и асоцираноста со појавата на несакани реакции.

„Воедно, потенцираме дека во изминатите десет години до МАЛМЕД е пристигната само една пријава за сомнеж на несакана реакција од БСЖ вакцина (во август 2022 година), која се однесувала на појава на апцес на местото на апликација на вакцината, што како реакција е опишано во упатството за употреба на вакцината“, се вели во соопштението од МЗ.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Треба да си ептен наивен, за да мислиш дека ќе го смениме Уставот и нема да имаме натамошни пречки на патот кон ЕУ!

Како најмалуброен народ на Балканот треба да бидеме особено рационални и многу внимателно да ја поставуваме нашата стратегија, изјави претеникот Бојан Стојановски на гостувањето во „Колегиум“ на ТВ Алфа.

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош: 25 милиони евра годишно се давале на починати, иселени и фиктивни лица!

Повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност за кои, според премиерот Христијан Мицкоски, било утврдено дека не требало да примаат средства, се откриени во досегашните проверки на системот.

Најнови вести

To top