Хрватскиот славист и македонист Горан Калоѓера реагира како македонски патриот за последните посегања по идентитетот на македонскиот народ со здружени сили на дел од соседите на Македонија.
„Еднаш еден храбар и паметен Македонец напиша: ‘Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија’. Историјата докажа дека бил во право. Затоа, треба да се каже и напише по илјадити пат: ‘Македонија на Македонците’, македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек, македонскиот етнички идентитет е несомнен, македонската територија е разграбена од нејзините соседи, кои сè уште ги покажуваат своите аспирации кон Македонија. Не верувајте никому, ниту на празните фрази на политичката елита, ниту на неуките европски бирократи, едноставно, останете свои на своето и верувајте во себе. Па, како и да заврши, полошо не може!“, напиша на Фејсбук членот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав и поранешен почесен конзул на Македонија во Риека.