Спорт

Владан Панев со знамето од Кутлеш излезе на меч во Виена (ВИДЕО)

Патриотски гест на Македонскиот борец

Македонскиот ММА-борец Владан Панев синоќа во Виена го најави својот меч на впечатлив и симболичен начин.

Пред да започне борбата, тој влезе во арената носејќи го македонското знаме со сонцето од Кутлеш, додека низ салата одекнуваше патриотската песна „Гордо Македонијо“.

Со овој гест Панев ја истакна својата национална припадност пред меѓународната публика и го одбележа почетокот на натпреварот.

Борбата потоа заврши успешно за македонскиот борец, кој ја оствари победата и го заокружи настапот со триумф.

Настанот беше забележан како силен момент на национална гордост на меѓународната ММА-сцена.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top