Ракометарите на Алкалоид славеа со 30:28 над Еурофарм Пелистер во дербито на 11. коло од македонската Суперлига и им приредија непријатно приземјување на битолчани по триумфот над Гумерсбах во Европската лига прексиноќа.
Поразот што битолчани ги спушти на четвртото место на табелата тешко му падна на нивниот потпретседател Бојан Стерјев, кој бурно реагира на социјалните мрежи.
„Сѐ обезбедено, за вака да нѐ брукате! Срам да ви е на сите играчи и тренери!!!!! Фала што нѐ избрукавте!“, напиша Стерјев.
Вардар е прв со 20 бода и натпревар помалку, пред Охрид со 19, Алкалоид со 18, Еурофарм Пелистер со 17 итн.