Спорт

Македонија против Кипар за опстанок во Б Лигата на нациите

Првиот меч ќе се одигра на 25 март во Кипар, а реваншот е три дена подоцна во Скопје

ffm.mk

Кипар е противникот на фудбалската репрезентација на Македонија во баражот за опстанок во сегментот Б од Лигата на нациите.

Првиот натпревар ќе се одигра на 25 март 2017 година од 18 часот на Кипар, а возвратната средба е закажана за 28 март од 15 ч. на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонија има позитивен биланс од единствените два меѓусебни дуела досега во квалификациите за Европското првенство 1996, кога „црвено-жолтите“ славеа со 3:0 во Скопје со хет-трикот на Бошко Ѓуровски, а во реваншот во Лимасол беше 1:1, а голот за Македонија го постигна Борче Јовановски.

Другите дуели од разигрувањето за дивизијата Б од ова натпреварување на УЕФА се Белорусија – Израел, Фарски Острови – Грузија и Естонија – Романија.

Најнови вести од: Спорт

To top