Фудбалерите на Престон лајонс одмаршираа до четвртфиналето во Австралискиот шампионат, декласирајќи го Саут Хобарт со 6:0 на свој терен и придружувајќи му се на другиот тим формиран од македонската заедница, Бродмидоу меџик, меѓу осумте најдобри екипи во вториот ранг на натпреварување на петтиот континент.
Со четвртата победа во низа по стартниот пораз и тој на пенали во второто коло, „лавовите“ го освоија првото место во групата Д и се изборија за преднопста на домашниот терен во четврфтиналниот дуел следната седмица.
Лејтон Брукс најмногу ги израдува навивачите на клубот формиран како Престон Македонија во 1947 година, забележувајќи хет-трик и две асистенции, сите во второто полувреме, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Даниел Лазаревски, Џонас Марковски и Чан Кјуба.
„Шестката“ од „црвено-црните“ во мрежата на гостите од Тасманија на линкот.