Македонија

Кога се сака се е можно – Брза реакција на НЛБ банка

Корисничката на услуги на банката жали што се завршило добро откако таа направила јавен притисок

Скопјанката Весна Ангелова сведочи за брза и професионална интервенција на одговорните во НЛБ банката откако завчера имала непријатна случка со банкомат во кој и се заглавиле парите.

,,После мојата објава за НЛБ Банка, вчера се случи една низа реакции од одговорни луѓе во банката. Имено, прво добив порака со којашто ми беше побаран број за контакт. Не долго после тоа, ми се јави некој од одговорните којшто откако ислуша што се случило, ми објасни каква е постапката во такви случаи и рече дека се максимално ангажирани денес да ги добијам парите. Нормално, се извини во име на банката. Потоа, добив уште еден повик од нивната служба за поплаки (жалам, но не ги запаметив имињата на луѓето што ми се јавија), и многу љубезно ми беше повторно објаснето каква е состојбата, со извинување за доцнењето. Дури, госпоѓата побара да доставам информации и за случајот од минатото затоа што се решени и тоај да го расчистат. Додека разговарав со неа, добив нотификација дека парите ми се вратени на сметка. Неколку минути после тоа, повторно ми се јави претходниот господин да ме информира дека парите се префрлени на сметка. Просто неверојатно е колку беа брзи, ефикасни и полни со разбирање. Жал ми е што морав со јавна објава да ги реализирам моите права, но не ми беше оставена друга можност. Уште пожално е што само со јавен притисок нешто се постигнува во државава”, пишува Ангелова.

Најнови вести од: Македонија

To top