Мицкоски со огромна предност во доверба, Филипче длабоко зад него, покажува најновата анкета на агенцијата Маркет Вижн спроведена за МКД.мк.
Христијан Мицкоски ужива најголема доверба меѓу политичките лидери во земјава, според најновата анкета на Маркет Вижн.
Дури 20,4% од испитаниците имаат доверба во претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, додека само 3,8% веруваат во лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Разликата е повеќе од петкратна.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети има 3,7% доверба, првиот човек на Левица Димитар Апасиев 3,4%, а фронтменот на ВЛЕН Изет Меџити 2,6%.

Лидерите на Влен заедно се подобро рангирани од лидерот на ДУИ.
Значителен процент од граѓаните 44,1% – изјавиле дека немаат доверба во ниту еден политички лидер, а 12,5% одбиле да одговорат.
Околу 35 проценти од гласачите изјавиле дека не решиле за кого ќе гласаат, не сакаат да кажат, или не знаат дали ќе гласаат.
Анкетата е спроведена телефонски (CATI метод) на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници, со статистичка грешка од ±3%.
Анкетата е спроведена во периодот 11–27 септември на примерок од 1.200 испитаници.
Поврзани вести
Историски резултати од анкета на Маркет Вижн за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Сите тврдат дека има политичка апатија а анкетата на Маркет Вижн покажува друго