Израелскиот министер за финансии од екстремната десница, Безалел Смотрич, изјави дека Израел мора да го уништи Појасот Газа, пренесе АФП.
„Мораме да ја уништиме Газа… Не да извршиме геноцид, не дај Боже“, рече Смотрич.
Тој додаде дека палестинската енклава – „како терористичка организација со 1,8 милиони нацисти кои, од генерација на генерација, се воспитувани да го мразат Израел и се способни да вршат колење, силување, палење и убивање на бебиња, жени, стари лица и деца – не смее да постои“.
Министерот понатаму изјави дека цела Газа треба да му припадне на Израел. „Го сакам ова од ционистички и морални причини“, заклучи тој.