Андовски наведува дека за него претставувало чест и одговорност да биде дел од Владата и да учествува во унапредувањето на здравствениот систем.
Во оставката тој им посака успех на премиерот и на останатите членови на Владата во нивната понатамошна работа, како и во спроведувањето на заложбите за подобро здравство и поквалитетен живот на граѓаните.
Андовски ја извршуваше функцијата заменик-министер за здравство од почетокот на мандатот на Владата предводена од Мицкоски. Во тој период, на чело на Министерството за здравство се сменија тројца министри – Арбен Таравари, Азир Алиу и актуелниот министер Сашо Клековски.