Македонија

Венетски: Бугарите имаат криза на идентитетот, се срамат од сопствениот и бегаат кон македонскиот идентитет!

„Со паради и театар, како овој со Цар Самоил или поновиот со Ива Михаилова, Бугарите јасно покажуваат дека имаат класична криза на идентитетот и се срамат од тоа што се, па незадоволни од сопственото бараат друг идентитет, во овој случај македонскиот идентитет.“, изјави истражувачот Дардан Венетски во „За Македонските работи“ на ТВ Алфа.

„Бугарите ја потврдуваат мојата теза дека имаат криза со идентитетот, па прават паради и театри. Бугарите бараат самопотврда на својот идентитет и сакаат да се прикажат нешто што што не се, нешто друго. Очигледно тие самите не се задоволни од сопственото. Во науката постои едно пежоративно значење на поимот Бугари, наметнато од западната наука, кое го прифаќаат и голем дел на наши научници, според кое Бугарите се селани и „вулгари“, нешто што потоа западњаците го пренесуваат и на сите словенски работи за да не понижат. Така што Бугарите бегат од тоа, се срамат од сопствениот идентитет, бараат друг идентитет, од староседелците. Како што Грците тоа го сторија со античка Македонија, тоа Бугарите го прават со Македонците од средновековието се до 1944-та, посочува членот на „Македонски манифест“.

Во овој контекст, Венетски го споменува и споменикот на Цар Самоил во Бугарија, каде на неговата тога има копче со сонцето од Кутлеш кое е македонски симбол кој никогаш не бил бугарски, исто како и бојата на облеката која низ историјата го претставува Самоил во бојата на пурпурот, позната боја на македонските великодостојници, но никогаш и на бугарските.

-Што очекувате од нив, кога тие ја имаат најголемата фабрика на Балканот, фабриката за производство на Бугари, има еден нивни научник од 19-ти век кој јасно кажа „Тоа што не можеме да го купиме со многу пари, ќе го купиме со многу повеќе пари“, заклучува Венетски во „За македонските работи“ на ТВ Алфа.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една […]

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

Неврологот Барбов се чувствува злоупотребен од Ива: Предложив да се лекува во Бугарија, но таа се преправаше!

Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со посттраумтска повреда по сообраќајната несреќа.

Мицкоски: Бугарските политичари прават естрадна ѕвезда од Ива Михајлова, а од татко ѝ кловн, но двајцата ќе одговараат когаш-тогаш!

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече дека е апсолутна лага оти Ива Михајлова легално ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија и изрази жалење што бугарските власти, наместо да ја вратат, прават естрадна ѕвезда од неа порачувајќи дека „когаш-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат пред македонските власти“.

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија, поради утврдени микробиолошки и физичко-хемиски отстапувања од нормите

Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење од пет јавни чешми, согласно добиените резултати од Центарот за јавно здравје во Велес. Како што информираат од Општината, по направени анализи на пет места, резултатите од редовното испитување покажале дека водата не ги исполнува условите за безбедност и квалитет за пиење. Станува збор за природната чешма „Мурџева“ во Негорци, спомен-чешмата „Катерина“ во Конско, природната чешма на патот во Старо Конско, природната минерална чешма во Смрдлива Вода и водата од водоводот во Смрдлива Вода.

Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект каде што во следните четири години се предвидува отворање на нови 2.000 работни места, информира денес премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top