Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

Украинскиот ракометар ја сподели својата радост, напомнувајќи дека чувствува огромна одговорност, заблагодарувајќи им се на сите, што го поддржувале во изминатиот период.

„Ова е огромна одговорност, нов предизвик и ново поглавје што го прифаќам со голема гордост и благодарност“, порача ракометарот, кој призна дека добивањето право за настап во македонскиот дрес за него претставува голем чекор и отвора ново поглавје во кариерата.

Тој додаде дека искуствата во Македонија му помогнале подобро да ја разбере вредноста на поддршката, особено во моментите кога работите не се одвиваат според очекувањата. Сега пред него е нов предизвик, но и можност да преземе поголема одговорност на репрезентативно ниво.

„Во животот на секој спортист доаѓа момент кога е време да направи чекор напред, да прифати нов предизвик и да преземе уште поголема одговорност. За мене, тој момент дојде денес“, истакна Хориха.

Најнови вести од: Македонија

Ибрахими: Ахмети ја „продава“ како национална преродба победата во Брвеница, но таа е под правна власт на РМ како и сите општини со албанско мнозинство!

„Општина Брвеница доби претседател-Албанец, но лидерот на ДУИ Али Ахмети ја продава оваа победа како национална преродба! Брвеница е навистина албанска, но е под надлежност и правна власт на Република Македонија, исто како и сите други општини со албанско мнозинство. Според Уставот, Македонија е унитарна и централизирана држава, каде што суверен народ се Македонците. Додека Албанците, според овој Устав и ‘националните заслуги’ на Али Ахмети Ахмети остануваат народ од втор ред.“ – изнесува на својот фејсбук-профил Орхан Ибрахими. Тој е сега еден од основачите и лидерите на политичкото движење „Арберија“, кое дејствува во рамки на владината членка коалицијата „Вреди“.

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, ЈО да постапи по ревизорските извештаи

Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување

To top