Ива му рекла на лекарот дека живее во Бугарија и дека во Македонија дошла на викенд кога се случила сообраќајната несреќа.
– Логично беше да предложам да го продолжи лекувањето во Бугарија. Знаев дека има два пасоша и дека има бугарско осигурување. Сега кога ќе си го вратам филмот, можеби имало тука и одредена симулација од нејзина страна. Сега ја гледам се движи, ги нема тие симптоми што ги имаше тука, бидејќи тоа не беше хронична неизлечива болест туку последица на повреда. И тие обично се подобруваат – вели Барбов во изјава за Прва ТВ.
Тој вели дека Ива имала посттраумтска повреда и невропатија што се лекува и дека состојбата никогаш не можела да ѝ се влоши до толку за таа да остане со траен инвалидитет.
Лекарот вели дека Ива не била во тешка невролошка состојба ниту во витално загрозувачка состојба.
– Даваше изјава за некој бугарски портал и ги преувеличуваше симптомите. Од јули месец не се појави повеќе на преглед – додаде Барбов.