Променливо облачно време со сончеви периоди, слаб до умерен ветер од северен правец и температури до 19 Целзиусови степени е временската прогноза за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Најниската температура утрово во 5 часот е измерена во Демир Хисар, кадешто се регистрирани -2,5 степени, а највисоката во Нов Дојран од 11,6.