Македонија

СДСМ како нови адвокати на бегалецот Михаилова

Срамно е што СДС се приклучи во адвокатскиот тим на Ива Михаилова, која побегна во Бугарија од судскиот процес со лажни тврдења дека имала загрозувачка состојба и опасност од инвалидитет

Срамно е што СДС се приклучи во адвокатскиот тим на Ива Михаилова, која побегна во Бугарија од судскиот процес со лажни тврдења дека имала загрозувачка состојба и опасност од инвалидитет, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција на Богранка Кузеска од СДСМ, која ја објавуваме интегрално.

Дури и пријателот на Заев и колега на Филипче, д-р Барбов чие мислење од бугарска страна се користи како алиби на Михаилова за бегство од правдата, призна дека нејзината состојба воопшто не е ризична и дека истата лажирала симптоми и преувеличувала пред јавноста.

Вакви специјални операции за нарушување на кредибилитетот на државата се веќе видени, но сторителите ќе одговараат, заедно со нивните адвокати како што се СДС.

Уставните измени по бугарски рецепт нема да бидат направени со вакви операции, во кои СДС ја има улогата да дефокусира од сообраќајката со смртен епилог и бегството на нивниот клиент Михаилова.

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top