Спорт

Спектакуларно деби на Илиоски на престижниот „Глори“ во Антверпен (ВИДЕО)

Македонскиот кикбоксер славеше со технички нокаут во првата рунда над фаворизираниот Мароканец Латифи

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски направи големо изненадување во својот прв настап во професионалната елитна конкуренција „Глори“, славејќи со технички нокаут против фаворизираниот Мароканец Ајман Латифи во Антверпен.

За само 69 секунди прилепчанецот успеа трипати да го испрати својот противник во нокдаун, по што судијата ја прекина борбата уште во првата рунда и прогласи победа за Илиоски со технички нокаут.

Илиоски е првиот Македонец што настапува на престижниот кикбокс настан.

 

Најнови вести од: Спорт

To top