Македонија

За СДСМ поразот во Брвеница покажа дека поддршката на партијата расте

Во 2025 година нивниот кандидат за градоначалник освоил 481 глас, додека на вчерашните избори кандидатот Јовица Радески добил 706 гласа што е за 225 гласа повеќе

 

По катастрофалниот пласман на кандидатот на СДСМ на вчерашните избори во Брвеница, од Аналитичкиот центар на Социјалдемкратскиот сојуз оценуваат дека, споредено со ланските избори, тој освоил 46 проценти повеќе гласови, додека поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ се намалила за 13 проценти во споредба со изборите во 2025 година,.

Од СДСМ наведуваат дека во 2025 година нивниот кандидат за градоначалник освоил 481 глас, додека на денешните избори кандидатот Јовица Радески добил 706 гласа. Тоа се 225 гласа повеќе, односно раст од приближно 46,8 проценти.

„Резултатите во Брвеница го потврдуваат трендот дека поддршката за ВМРО се намалува, а довербата во СДСМ расте“, оценуваат од опозициската партија.

Според  анализата, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, освоил 2.944 гласа, наспроти 3.388 гласа што кандидатот на партијата ги добил на изборите за градоначалник во 2025 година. Разликата изнесува 444 гласа помалку, односно намалување од приближно 13 проценти.

Според партијата, падот на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ е уште поголем доколку се земе предвид дека на овие избори Радичевски ја имал и поддршката од ЗНАМ и Левица.

„Падот на ВМРО е уште поголем, над 20%, ако се има предвид дека и ЗНАМ и Левица го поддржаа кандидатот на ВМРО“, соопштија од СДСМ.

Ваквото толкување доаѓа по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој прогласи победа на ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека разликата во однос на СДСМ е поголема од четири спрема еден.

Мицкоски: СДС е декласиран, разликата е поголема од 4 спрема 1

Најнови вести од: Македонија

„Еволуција или револуција во војувањето? Од Заливската војна до Украина…“

Настанот ќе се одржи денеска во Порта Македонија со почеток во 10:30 часот, а во фокусот ќе бидат промените во современото војување, влијанието на новите технологии врз воените операции и предизвиците со кои се соочуваат вооружените сили и системите за колективна одбрана

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

To top