Македонија Колумни

Бистришки, 1934 – Тоевски, 2026: Зошто сме ние, Македонците, одделен народ? (4)

Одговорот на тоа прашање е од огромно геополитичко значење за Македонија и македонскиот народ и денес, на почетокот на 21 век. Авторот на овој текст чини напор сега, во 2026 година, да даде свој аргументиран одговор на истото прашање, кое си го постави пред себе Васил Ивановски – Бистришки во 1934 година. Македонците се навистина посебен народ во Балканот и Европа: својата „Македонска приказна“ тие си ја пишуваа самите низ бурните епохи на својата национална историја. Во таа историја се вградени сите државотворни стремежи на македонскиот народ, на кого никој никогаш ништо не му подарил, ниту држава, ниту фалсификувана историја како на „добрите соседи“. Напротив; толку многу му одзеле, но тој стои простум и натаму наспроти бурите на (не)времињата. Македонците со својот јазик и писменост, со својата духовност и култура, со својот идентитет и историја се длабоко во темелите на европската цивилизација.

Пишува: Свето Тоевски

Во 1913 година кога се донесуваше „Букурешкиот договор“ за поделба на етногеографска Македонија за таа цел се бореа бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам: кој ќе заграби колку е можно поголемо територијално парче.

Денес нема веќе борби и Балкански војни, ниту империјализми, туку има бугарски и грчки хегемонизам во „европско пакување“ кон „Македонците дека се „сѐ уште неразбудени благонадежни Б’лгари“, или „Скопјани“, а од 2019 година уште и и „северномакедонци“. Денес постои и српски пристап дека ова преостанато „вардарско парче“ од некогашната неподелена македонска територија е „Јужна Србија“, или „Вардарска бановина“, а народот што живее во неа дека се и натаму „Срби“.

Но, Македонците се единствениот народ во Балканот, кој во текот на 2700 години од своето создавање и постоење не негирал ничие постоење, не оспорувал на ниеден друг балкански, или европски народ право на свој различен етнички идентитет, ниту краделе Македонците кога било во својата историја елементи на туѓи идентитети. На македонскиот народ никој не му ја пишувал неговата „Македонска приказна“, ниту му ја создавал неговата национална историја, туку тој сам ја пишувал со безбројните загинати во текот на сите буни, востанија и крвави судири со многуте поробувачи.

Македонскиот народ е одделен и посебен, затоа што тој не припишува епохи од истории на други народи, туку со елементи на неговата национална историја се градат националната историја на Бугарите и Грците: Грците ја присвојуваат античката епоха од македонската историја, а Бугарите средновековната епоха.

Македонскиот народ е различен од Бугарите, на кои Руската империја им ја пишуваше нивната национална историја и им ја создаде нивната бугарска држава. Според многу научни студии и врвни светски научници, Бугарите се народ, кој е и натаму во потрага по своето потекло и корените. Според Ватрослав Јагиќ, Ханс-Лотар Штепан и многу други европски и светски, но и бугарски историчари, лингвисти и други научници, БУгарите се уште „етнички мешани луѓе“ со потекло од степите на Азија и други простори. Прабугарите започнале да се словенизираат и да се македонизираат, попримајќи го и македонскиот јазик како свое средство за национална комуникација. Така започнал да се создава бугарскиот идентитет – процес што трае и денес со присвојување на речиси сите елементи на македонскиот идентитет, од народни песни, игри, јазик…

Македонскиот народ е различен од Грците, на кои државата им ја создадоа во 1830 година нивните моќни европски патрони, истите кои и денес стојат зад денешна Грција. Дотогаш самите Грци не се нарекувале така, туку како „Ромеи“. Тогаш започнува градењето на грчкиот национален идентитет и митот за „античкото потекло“ на денешните Грци. Во втората половина на 20 век грчкиот историчар Спиридон Зембелиос (18150-1881), а посебно на „таткото на современата грчка историографија“ Константинос Папаригопулос (1815-1891) со тешки фалсификати воспоставуваат „непрекината линија“ во „континуитетот на грчката нација од антиката до модерното време“.

 

Констатацијата за за 2700-те години постоење македонски етнос се засновува и врз обемните високопрецизни научни споредбени истражувања на Институтот за генетика „Игенеа“ („iGENEA“) од Швајцарија од 2008 година. Студијата за генетско мапирање на Европа, изработена од овој институт, недвосмислено ја потврди и прецизно ја дефинира генетската припадност на денешните Македонци. Денешните Македонците во својот генетски профил имаат највисоки 30 проценти од гените на античките Македонци, за разлика од другите балкански и европски народи. Грците во својот генетски профил имаат само 5 проценти гени од античките Македонци.

Претходно, и генетската студија на Катедрата за имунологија и молекуларна биологија на Универзитетот Комплутенсе од Мадрид, спроведена во 2001 година, докажа дека ХЛА-гените на денешните Македонци се во директна врска со гените на античките Македонци, а дека денешните Грци имаат супсхарско потекло и генетска врска со некои од народите во африканска Сахара.

Денешниот македонски народ е директен наследник на древномакедонскиот етницитет. Не само генетските истражувања, туку клучен доказ за ова е и фактот што денешните Македонци низ историјата и трите илјадалетија биле единствениот етнос, кој го понел и го задржал своето име произлезено од името Македонија, на територијата на која живеел и живее и денес. Никој друг народ.

Во развојниот пат на изделувањето и посебноста на македонскиот етнос се јавуваат неколку основни идентитетски одредници, но посебно значење имаат името на територијата Македонија, јазикот, писменоста, фолклорот и традицијата. Притоа територијата и името Македонија опстојуваат како столб-темелник во градењето на македонскиот идентитет низ целата историја. Македонскиот народ има две етнички компоненти (состојки): античкомакедонската и старословенската. Домородното, веќе христијанизирано античкомакедонско население, кое дотогаш било сообразено со византискиот духовен, културен и јазичен амбиент, дошло во ситуација да се вклучува во новата етничка симбиоза (поврзување и живот) со словенските доселени племиња. Античките Македонци започнале да се словенизираат, а Словените да се македонизираат и ете ја таа двојна основа на денешниот македонски народ – етнос, која се развивала како таква низ следните векови.

Македонскиот јазик не се формирал само од говорите на словенските племиња, туку автентичен јазик старомакедонски постоел најмалку едно илјадалетие пред Словените да се доселат на Балканскиот полуостров: јазикот, односно јазиците на словенските племиња се вткале во античкомакедонскиот јазик и од таа сложена лингвагенеза (создавање на јазик) низ еволуцијата во наредните векови е создаден денешниот македонски јазик. Во македонскиот јазик е вткаена сета проживеана историја на македонскиот народ, неговите подеми и падови, процесите на сложената двокомпонентна лингвагенеза (создавање на јазик) со античкомакедонската и старословенската јазична компонента.

Македонскиот јазик низ сите векови и илјадалетија ги чува, ако не во почетен вид, тогаш, во секој случај, барем во препознатлива состојба верувањата, традициите, обичаите, митовите, народните приказни, легендите, се она што претставува култура и културно наследство на македонскиот народ, создавани и меѓугенерациски предавани. Врз основа на овие античкомакедонско-словенски етнојазични проткајувања се создал и продолжил да се развива денешниот посебен македонски идентитет.

(крај)

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствени повеќегодишни научни истражувања и тие согледувања немаат никаква поврзаност со ниедна политичка партија во Република Македонија, ниту се став на редакцијата на „Експрес“)

Најнови вести од: Македонија Колумни

Се продолжува кризната состојба за нафтата и нафтените деривати за уште шест месеци

Собранието претходно во два наврати ја продолжи кризната состојба откако беше воведена по случувањата на Блискиот Исток, кои доведоа до блокада на снабдувањето на меѓународните пазари со нафта и нафтени деривати.

(Видео): Евростат потврди дека цената на храната и пијалаците се најниски во регионот, премиерот рече дека сме исправени пред низа предизвици

Според премиерот, Владата изминатиот период работела на консолидирање на инфлацијата и затоа денес државата, особено во третиот квартал, има убедливо најниска стапка на инфлација во регионот и, како што додаде, можеби и во Европа.

ВМРО ДПМНЕ: Им го честитаме резултатот на СДС во Брвеница! Им посакуваме уште многу вакви резултати во иднина со Филипче на чело!

„Поддршката која СДС ја доби од граѓаните на Брвеница е од досега невидени размери. Се согласуваме. На 4-то место се!“ – им порачува со иронија ВМРО ДПМНЕ на политичките ривали на „Бихаќка“ во Скопје.

Шасивари ќе бара мислење од Венецијанската комисија за измените, поврзани со полагањето на правосудниот испит

Министерството за правда започна консултации со правните факултети и студентите за предложените измени поврзани со полагањето на правосудниот испит. Целта е да се слушнат ставовите на академската заедница и да се дојде до правно издржано решение што ќе ги почитува јазичните права и професионалните стандарди. Министерот за правда Јетон Шасивари истакна дека измените нема да […]

МНР: Навредливи се и провокативни изјавите на Демерџиев и Радуков за Михајлова – тоа е директно мешање во внатрешните работи на македонската држава!

На средбата, како што соопшти МНР на Република Македонија, било изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна.

Поетот Никола Маџиров: Не е најболно тоа што победниците ја пишуваат историјата — туку тоа што тие ги тераат понижените да ја читаат

„Сведоци сме дека сите војни почнуваат со тргување на историите и митовите, а потоа почнуваат одземањата на личните приказни, веднаш штом ќе се исцртаат новите поствоени граници. Моите предци одлучиле да им биде одземен домот наместо личните приказни и така ме задолжија да се сеќавам без да мразам, да пишувам без да верувам во изделканите истории. Затоа што постојат личните приказни прераскажани од гласовите што не се составени од коски, туку од вистини кои не можат да се кремираат или да се изложат пред црвите на времето“, вели најуспешниот современ македонски поет, чија поезија стана препознатлив дел од модерната светска поетска сцена, без да мора читателот прво да знае многу за Македонија.

Најнови вести

To top