Еден од идеолозите на СДСМ кој заедно со Љубомир и Јон Фрчкоски ја трасираат идеолошката матрица на Бихаќка бара партијата да гласа за ДУИ во Брвеница.
Бранко Тричкоски бара СДСМ да гласа за кандидатот на ДУИ кој во вториот круг ќе се соочи со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.
,,Во вториот круг во македонската Саксонија-Анхалт, СДСМ мора да гласа за Аркин Јахиј и на тој начин да гласа за пораз на Злосторничката инсталација како најважна работа во историјата на Македонија од времето кога нашите пештерски предци живееле во Врело, до денеска. ДУИ е сто пати помакедонска партија од вмро односно вмро воопшто не е и никогаш не било. Башка, велат дека овој Јахиј бил добар човек способен да направи од Брвеница Кортина Дʼампецо”, пишува Тричковски.
Во првиот круг од предвремените избори во Брвеница СДСМ доживеа катастрофален пораз од ВМРО-ДПМНЕ а со нивните гласови ДУИ може да победи во вториот круг.