Македонија

Кривични за лихвар и нотар – Дал 35 илјади евра а назад барал два пати по толку

Сакале на сила и со фалсификат да добијат скапо возило

Businessman hand refusing the offered bribe money bag

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица кои на црно давале пари на заем за огромни камати се потоа фалсификувале документи за да му го земат автомобилот на должникот.

Сега полицијата ги гони Т.В. (39) од с.Неготино, гостиварско, за кривични дела „лихварство“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „фалсификување на исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“ и  Ј.Д.(48) од село Добри Дол, нотар во Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно вршење на службата“, „фалсификување на исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“.

 

Од 2022 година па до денот на пријавување, пријавениот Т.В. ја искористувал тешката имотна состојба на лице од Гостивар и во повеќе наврати му позајмувал пари со несразмерно висока камата.

 

За заем од 35.000 евра, за една година му побарал камата од 15.000 евра, а потоа за истиот долг секој месец му барал камата од 3.000 евра.

Бидејќи оштетениот не можел да ја врати каматата, Т.В. со сила и со закани го присилил да склучи договор за купопродажба на имот, заверен кај нотар.

На 27.09.2023, пријавениот направил фалсификуван купопродажбен договор за моторно возило кај нотарот во период кога оштетениот бил надвор од државата

Второпријавениот, кривичното дело го сторил како овластено лице на третопријавено правно лице – нотар, на тој начин што на 27.09.2023 без согласност и без присуство на оштетениот, прибрал, обработувал и користел лични податоци на оштетениот и заверил лажен договор за купопродажба на моторно возило, во кој е наведено дека сопствениот на возилото му го продава на И.А. од Гостивар во износ од 1.000 евра, во период кога оштетениот бил надвор од државата.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top