Македонија

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

Мицкоски ги соопшти плановите на настан по повод набавката на 100 нови амбулантни возила, посочувајќи дека една од можните локации за клиничкиот центар се наоѓа пред базенот што се реконструира, а другата зад тобоганот во истиот простор.

– Се наоѓаме тука некаде помеѓу двете парцели коишто ги разгледуваме и за коишто преговараме за новиот клинички центар. Едната е пред овој базен којшто го гледате овде лево од нас којшто, исто така, беше оставен на забот на времето па сега се реконструира. А другата е позади овој тобоган којшто го гледате. Тоа се двете парцели отприлика каде што би требало да биде и новиот клинички центар. Очекувам до крајот на оваа година и тие преговори да ги завршиме – рече Мицкоски.

Според премиерот, новиот комплекс треба да се поврзе со постојната болница „8 Септември“, ПЕТ-центарот и поликлиниката „Букурешт“. Владата и Општина Карпош работат и на обезбедување дополнителни паркинг-места, поради очекуваното зголемување на сообраќајот во околината.

Премиерот потврди и дека се надминати претходните разлики во ставовите со Министерството за здравство околу потребата од изградба на нов клинички центар. Министерството претходно оценило дека подобро решение е подобрување на организацијата на постојните болници и здравствени установи, наместо изградба на нов комплекс.

Паралелно со плановите за клиничкиот центар во Скопје, Мицкоски најави дека Владата ги привршува преговорите со меѓународните финансиски институции за изградба и обновување на три други здравствени објекти.

– Она коешто планираме во периодот којшто следи, а којшто веќе заедно со нашите партнери, финансиски институции го завршуваме во делот на здравството во преговорите, тоа се проектите коишто здружено Светска банка и Европската инвестициска банка ќе ги финансираат, а тоа е конечно Клиничкиот центар, односно клиничката болница во Штип, Здравствениот дом со проширена дејност Кичево и клиничката болница во Тетово – изјави премиерот.

Формалното одобрување на финансирањето се очекува до крајот на првиот квартал од следната година, по што би следувале тендерските постапки.

– Очекувам според последната мисија на Светска банка и Европската инвестициска банка, одобрување и формално да имаме некаде кон крајот на првиот квартал од следната година за финансирање на овие проекти. И ако биде се како што треба, веднаш потоа да биде објавен и тендерот, и ако биде се како што треба, очекувам првиот проект од овие проекти да почне да се реализира некаде таму крајот на вториот, почетокот на третиот квартал од следната година – рече Мицкоски.

За клиничката болница во Штип, чија изградба беше започната пред повеќе години, премиерот посочи дека при обновувањето на проектот мора да се земе предвид развојот на медицинската технологија во наредните децении.

– Ние сме фокусирани при рестартирањето конкретно на проектот на клиничката болница во Штип за технологија којашто ќе биде апликативна во 2035-2040-тата година. Така што сето ова бара една правилна антиципација, работа со нашите стратешки партнери и ценам дека успеавме да дојдеме до некое решение коешто ќе значи додадена вредност во македонското здравство – изјави Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Јани Макрадули осомничен дека ја оштетил „Пошта“ речиси за 180 илјади евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

To top