Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила, претседателот на Владата остана на ставот за семејните вредности и многудетни семејства и оти работите треба длабински да се анализираат.

– Јас кога зборував пред година и пол, две за семејни вредности, за фертилитет, тогаш ме направија дека сум заостанат, дека сум ретрограден, дека не знам што зборувам и што сè не изнапрочитав за себе, но за жал тој предизвик останува и понатаму. И тоа што го укажуваше потпретседателот на Влада и министер за транспорт, можеби е и потценета вредност, можеби ќе ни требаат многу повеќе за да ја задржиме економската активност, додаде Мицкоски.

Укажа на случувањата во Западна Европа, каде што за да се одржи нивото на економија и да има благ пораст на номиналниот бруто-домашен производ, потребно е секоја година да се даваат стотици илјади, па можеби и милиони работни дозволи за мигранти.

– Така што, колку и да сакаат да ми исмејуваат, јас ќе останам на оние семејни политики, на многудетни семејства и на политиките коишто значат иднина за Македонија како држава и нови работни места за македонскиот работник и поконкурентна македонска економија која што ќе расте, потенцира премиерот Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

Јани Макрадули осомничен дека ја оштетил „Пошта“ речиси за 180 илјади евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Јани Макрадули, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

To top