Македонија

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оствари работна средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на која беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните. Владината поддршка за Општина Карпош изнесува околу 11 милиони евра, преку двата активни повици за капитални проекти, од кои околу 5,5 милиони евра се реализираат директно преку Министерството за транспорт.

Во рамки на новиот инвестициски циклус, предвидена е поддршка за уредување плоштади, изградба и реконструкција на улици, атмосферска и фекална канализација, како и унапредување на јавниот простор согласно потребите на граѓаните. Посебно внимание беше посветено на плочникот на плоштадот „Порта Влае“, за кој ќе се изработи проект, по што ќе следува негово уредување и ревитализација.

На средбата се разговараше и за санација на свлечиштата во деловите околу Козле, Трнодол и Жданец. Во тек е изработка на стручни проекти од страна на Градежниот факултет, по што Општината и Министерството за транспорт заеднички ќе пристапат кон реализација на потребните мерки.

Едно од клучните прашања беше и решавањето на проблемот со паркирањето во Карпош. Во соработка со Општината и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, се работи на решенија што предвидуваат изградба на катни гаражи и подземни паркиралишта, со цел да се обезбедат повеќе паркинг-места и истовремено да се зачуваат зеленилото и парковите.

Целта е во следните две до три години да се создаде сеопфатно и одржливо решение за паркирањето во општината. Општина Карпош продолжува да ја унапредува соработката со државните институции, со цел реализација на значајни инфраструктурни инвестиции, подобрување на јавниот простор и поквалитетни услови за живот на сите граѓани.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

To top