Бизнис

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

Македонија има работна сила, но сите мора да создаваат поголема вредност. Дека на земјава и недостасуваат работници не е новина, но она што загрижува е дека со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од над 600 работници во инустријата. Од Владата сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно. Премирот рече дека можно е бројката да расте, за да се зачува економската стабилност на земјава.

Овие бројки ги потврди и вицепремиерот и министер за транспорт Николоски, во гостување на МТВ. На прашањето дали „Бехтел и Енка“ имаат проблем со мобилизација на работна сила, министерот рече дека недостигот на работници е проблем со кој се соочува целата држава. Во тој контекст рече дека Владата ќе ја зголеми годишната квота за странски работници од 10 000 на 13 000, но ќе бидат потребни и натамошни зголемувања.

Николоски ова го изјави на прашањето дали, со оглед на посочените околу 240-250 милиони евра за исплата годинава, конзорциумот може да работи побрзо и да потроши повеќе отколку што Владата може финансиски да следи.

  • „Мислам дека сега сме во друга ситуација. Тие се обидуваат да нè стигнат нас, затоа што веќе нема проблеми со експропријација, нема проблеми од каков било административен карактер и финансирањето е одобрено. Така што, на нив е сега колку можат да сработат“, рече Николоски.

Работоспособно население не значи автоматски продуктивно. Дополнителен ризик претставува и одржливоста на пензискиот систем, оти сè помалку работници уплаќаат придонеси, што долгорочно создава притисок врз фондовите.

Иако според Државниот завод за статистика невработеноста во 2025 е намалена за 6,6% во споредба со 2024, сивата економија останува најголем предизвик за пазарот на трудот. Податоците покажуваат дека бројот на неформално вработени расте, а државата губи стотици милиони евра поради непријавен труд и ниски плати.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top