Македонија

Претседателката со осуда на шовинизмот на ,,Балисти”, бара да нема селективен однос кон национализмот

За разлика од неа и од премиерот Мицкоски кои веднаш го осудија национализмот на навивачката група Кумани лидерите на албанските политички партии молчат за шовинизмот на Балистите

Откако пред неколку дена го осуди антиалбанското скандирање на навивачката група Кумани за време на кошаркарскиот меч Македонија – Романија претседателката Гордана Сиљановска Давкова со критика и за вчерашниот национализам на навивачката група ,,Балисти” на мечот на Шкендија со Карабах од Азербејџан.

За шефицата на државата се работи за ,,Ненаучена лекција” и од навивачите и од политичарите кои покажуваат двојни стандарди пжво вакви ситуации.

 

,,Сеопштата осуда на навивачкиот примитивизам на сите ни влеа надеж за цврста решеност за справување со овој неспортски феномен.

Просветителски звучеа апелите за ставање крај на националистичките и шовинистички повици од трибините.

Но, вчерашните сцени од меѓународниот натпревар Шкендија – Карабах беа реприза на кумановската трагична приказна”, порачува Сиљановска Давкова според која хипокризија и цинизам е селективното реагирање на неспортскиот вандализам.

За разлика од неа и од премиерот Мицкоски кои веднаш го осудија национализмот на навивачката група Кумани лидерите на албанските политички партии молчат за шовинизмот на Балистите.

 

,,Само со заедничка доследна и бескомпромисна битка со шовинистичките изблици, без оглед чии се, ќе градиме здраво општество”, пишува Сиљановска Давкова.

 

Операцијата за идентификување на навивачите кои шират национализам и говор на омраза ја води обвинителството кое ги гледа снимките со луѓето што бараат распарчување на Македонија

МВР ги бара ,,Балистите” што вчера бараа Голема Албанија

Најнови вести од: Македонија

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

Музичкото издаваштво во Македонија е витално и потентно, а неговиот иден развој ќе зависи од системското препознавање на неговите вредности

To top