Македонија

Извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима.

Дневни податоци од независниот систем за мониторинг се достапни на специјализираниот EKO портал за животна средина на ТИТАН Усје на следниот линк: https://eco.usje.mk/mk/ . На оваа платформа се поставени и детални информации за активностите на компанијата во областа на животната средина – инвестиции и иновации во работниот процес, мерки за поголема декарбонизација, управување со отпад, регулатива и информации поврзани со алтернативните горива, како и студии и други материјали и корисни линкови од областа.

  • Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон

Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

  • Производството запира доколку филтрите не работат

Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.

  • ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот

Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

  • Работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина

 – Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа

ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.

  • Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима

Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима.

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес. Контакт e-mail: contact@usje.mk

Најнови вести од: Македонија

Татарчев: Македонија не е само територија, или политичка цел, туку и должност и вечна идеја на македонскиот народ!

„За Татарчев, Македонија не е само територија или политичка цел. Таа е духовна категорија. Таа е светилиште на колективната меморија, поврзана со јазикот, родот, верата и моштите на предците. Со оваа формулација тој ја издигнува Македонија над дневната политика и ја поставува во сферата на историската и националната светост.“ – се нагласува во статијата со наслов „Македонија како култ, должност и вечна идеја“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Црни прогнози на ОН за Македонија: ќе има само 868 илјади жители до 2100, за 960 илјади помалку одошто во 2024!

Обединетите нации прогнозираат драматичен пад на бројноста на населението во земјите на поранешна Југославија – од 18,3 милиони изброени во во 2024 година, до само околу 10 милиони до 2100 година.

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“

Уште во првата година, ветувањата за Бутел ги претвораме во конкретни проекти на терен. Со работа, со посветеност и со одговорност кон секој даден збор. И тука не запираме

To top